logo
logo
logo

Што било пронајдено во сефот на Тито и КАКВА ВРСКА ИМА СО РОМАНОВИ

Vecer | 05.02.2021

Што било пронајдено во сефот на Тито и КАКВА ВРСКА ИМА СО РОМАНОВИ

По смртта на доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито на 4 мај 1980 година, сите предмети во сефот останале запечатени, а кога сефот бил отворен, во него биле пронајдени некои многу вредни работи.

Комисијата која го отворила открила и тајна чувана 33 години, а која ја криел Јосип Броз Тито.

Меѓу другото, таму имало син сафир кој наводно припаѓал на кралската династија Романови од Русија, медал што им припаѓал на Караѓорѓевиќ и други скапоцености.

„Имаше многу богатство во тој сеф. Имаше уникатни ѓердани и накит кои припаѓаа на семејството Караѓорѓевиќ “, рече еден од членовите на комисијата.

Еве што било пронајдено:

- 29 366 килограми злато во прачки и прав

- 1.271 парчиња нумизматички пари

- 2.663 златници и дукати

- 26.219 американски долари

- 149 парчиња накит (припаѓале на семејството Караѓорѓевиќ)

- 36.000 германски марки

- синиот сафир на Романови

- 83 парчиња манжетни за ракави, кутии цигари, медалјони, приврзоци и значки

- 18 комплети сребрени садови

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk