Тој рече и дека не сака да открие како Приштина ќе се убеди да ги спроведе договорите.

Тој на прес-конференцијата рече дека се надева оти дијалогот ќе се подобри и односите ќе се нормализираат, објави српски Курир.

Тој рече и дека имал разговори со претседателот на Србија и премиерката за бројни прашања и оти во разговорите било истакнато дека Србија е важен партнер и оти целта е да се подобрат односите меѓу двете земји уште повеќе:

– Најмногу зборувавме за енергетиката и на тој план ја поддржуваме Србија. Ние сме посветени заедно со ЕУ да помогнеме на европскиот пат. Разговаравме и за Косово и Метохија, се обидуваме да ја смириме ситуацијата. Знаеме дека одлуките се тешки, треба да охрабруваме, рече Шоле.