logo
logo
logo

На почетокот на јуни

Шолц доаѓа во Белград, можеби ќе ги посети и Скопје и Тирана

Vecer | 23.05.2022

Шолц доаѓа во Белград, можеби ќе ги посети и Скопје и Тирана

Германскиот канцелар Олаф Шолц треба да ги посети Србија и соседството на 10 јуни. Извори на Дојче веле велат дека целта е добра подготовка за самитот во Берлинскиот процес.

Олаф Шолц треба да ја посети Србија на 10 јуни, потврдија за Дојче веле од српски дипломатски извори.

„Се стремиме кон тој датум, посетата допрва треба да се координира со другите земји од регионот“, рече изворот.

Според тој извор, Шолц, покрај Белград, секако ќе ја посети и Приштина, а патувањето се обидува да го претвори во мала балканска турнеја со посета на Тирана и Скопје, а можеби и Сараево.

Претходно новинарот на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Михаел Мартенс на Твитер објави дека Шолц доаѓа во Белград на 10 јуни.

Повикувајќи се на сигурни извори од Берлин, тој изјави дека темите ќе бидат „енергијата, економијата, позицијата на Србија кон Русија“ и други.

Извор на Дојче веле вели дека Шолц се обидува добро да се подготви за самитот на Берлинскиот процес, кој најверојатно ќе се одржи во август:

„За разлика од поранешната канцеларка Меркел, Шолц повеќе се залага за конкретни решенија. Тој се грижи овој самит да не е само скапо патување, туку да се постигнат конкретни решенија“.

Целта на Берлинскиот процес е поблиско поврзување на регионите на Западен Балкан, преку слободен проток на луѓе, стоки, капитал и услуги.

Макрон како кочничар

Покрај обидот да го вклучи Белград во санкциите против Русија, Шолц ќе се обиде да понуди нешто и на Албанија и Северна Македонија, велат упатените.

Имено, се очекува францускиот претседател Емануел Макрон дополнително да го блокира почетокот на преговорите на ЕУ со Скопје и Тирана.

Затоа, велат извори, самитот ЕУ-Западен Балкан под француско претседателство ќе се одржи во јуни во Брисел, а не во Париз.

Макрон и Шолц се разликуваат во нивните идеи за проширувањето на ЕУ.

Францускиот претседател неодамна ја поттикна визијата за Европа „во две брзини“, каде земји како Србија и нејзините соседи ќе имаат места само во надворешниот прстен, но нема да бидат полноправни членки на ЕУ.

Високо на листата на приоритети

Посетата на Шолц на Балканот е нов доказ дека регионот е високо на листата на приоритети на новата коалиција во Берлин.

На почетокот на мај, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти го посетија Берлин.

Тогаш беше оценето дека Владата на Шолц придава големо значење на косовскиот проблем во светлината на војната во Украина.

Шолц за прв пат рече дека „взаемното признавање“ треба да биде дел од сеопфатниот договор меѓу Белград и Приштина.

Извор: РТС

Фото: Omer Messinger

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk