logo
logo
logo

ШОКАНТНО СВЕДОШТВО на преживеан од масакрот во Цетиње: Излезе на тераса, опцу, па почна да пука

Vecer | 16.08.2022

ШОКАНТНО СВЕДОШТВО на преживеан од масакрот во Цетиње: Излезе на тераса, опцу, па почна да пука

Се обиде да упадне во мојот дом, но со помош на храбар полицаец го одбив напаѓачот - раскажува Слободан Вујачиќ за масакрот во Цетиње кога неговиот сосед Вук Бориловиќ уби 10 луѓе

Вук Бориловиќ (34), кој во петокот го зави во црно Цетиње, но и цела Црна Гора, наводно пред крвавиот пир излегол на терасата од семејната куќа  и почнал да пцуе и да извикува погрдни зборови кон некоја жена, а потоа пукал и убил 10 луѓе, меѓу кои и две деца.

Цетињани се уште се неутешни по најголемиот масакр во поновата историја на земјата. Од ден на ден се откриваат нови грозоморни детали од трагедијата во која налудничавиот убиец  решетал се пред себе, а притоа не ги поштедил ниту децата на Наташа Пејовиќ Мартиновиќ, Машан (11) и Марко (8) кои, исто така, ѕверски ги убил.

Слободан Вујачиќ, соседот на Бориловиќ, кој го преживеа масакрот за Побједа раскажал како успеал да си ја спаси главата на рамена, но и изјавил и дека е тешко да се реконструира што направил убиецот во тој час.

 

borilovićeva porodična kuća odakle je krenuo u krvavi pir
Куќата на Бориловиќ од каде тргнал во крвавиот пир

Три истрели

- Прво слушнавме три истрели, а потоа го видовме на терасата од куќата. Држеше пушка, а со ужасен коментар за некое женско лице го почна својот крвав поход. Веднаш ми беше јасно дека се подготвува зло, вели Вујачиќ и додава:

- Кога убиецот упаднал во домот на Дрецун, одекнаа лелеци, лелекања, врисоци и пукотници. Потоа, наеднаш се стивна. Мислам дека влезе во вкупно шест куќи. Кој и да најдеше, или го уби или го рани. На крајот се упати кон мојата куќа.

Вујачиќ раскажал за црногорска Побједа дека Бориловиќ имал план да „одработи“ уште една куќа, но дека не успеал.

 

opsadno stanje nakon masakra

- Не знам кога точно дојде пред мојата куќа. Селото беше исполнето со крици. Бориловиќ тогаш застана на скалите пред мојата куќа и извика нешто, со заканувачки тон, гестикулираше, вели овој човек од Цетиње и додава дека заедно со полицаецот, кој ја чувал неговата куќа, успеал да го избрка напаѓачот кој потоа се упатил кон семејството Радуновиќ.

Цетињанецот кој си го спасил животот од соседот Бориловиќ вели дека неговото семејство било спасено благодарение на присебноста на полицаецот кој цело време бил на терасата од неговата куќа.

Трчаше брзо

 

borilović izrešetao deset ljudi

- Тој полицаец беше храбар и му благодарам. Бев таму со него. Не можев да се кријам низ куќата, некој друг да ми го брани домот и семејството, а јас да се кријам, изјавил Вујачиќ.

Соговорникот рекол дека кога се нашол лице в лице со монструмот не бил ранет.

- Беше многу активен. И трчаше многу брзо, имаше неверојатна сила, заклучил тој.

 

žrtve pomahnitaolog borilovića

Да потсетиме, Вук Бориловиќ на 12 август прво ги уби своите потстанари Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35) и нејзините синови Машан (11) и Марко (8) во цетинската населба Медовина, а потоа и нивниот семеен кум Милан Митровиќ (37), вујко му Горан Ѓуришиќ (54) кој се обидел да го спречи, а потоа и соседите Рајко (56), Димитрија (81) и Даница (74) Дрецун и Данијела (51) и нејзината сестра Мила (52) Радуновиќ. Во својот крвав поход Бориловиќ рани шест лица.

Жена со внуците се заклучила во бањата 

Слободан Вујачиќ вели дека „ни денес не може да дефинира што чувствувал додека се одвивала драмата“.

- Не се исплашив за себе, но застрашувачки е кога ќе слушнете пукотници, лелеци, офкања, врисоци и очекувате да дојдат на вашата врата, а вашето семејство е таму. Страшно е. Трчаше како луд низ соседството, некогаш го гледаш пред една, па за неколку секунди пред друга куќа, вели Вујачиќ:

 

lovačka puška kojom je borilović počinio zločin
Ловечката пушка со која Бориловиќ го стори злосторството

- Жената плаче, внуците се исплашени, не разбираат што се случило. Тоа е страшен стрес. Беа затворени во бањата, а потоа се симнаа кај мајка ми, веднаш до нас. Стоите и во еден миг, додека ги слушате лелеците и пискотниците на вашите соседи, ја гледате и смртта на вашето семејство, како ти исчезнуваат.

 

Министерот Аџиќ: Акција на полицијата под истрага

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ најави дека ќе се формира комисија која детално ќе го испита „секој чекор на полицијата“.

- Имаше многу неосновани обвинувања против полицијата. Дали можеше да се реагира поинаку, останува да видиме. Сите очевидци ќе можат да дадат изјави и да кажат кој и како реагирал. На ист начин нашите органи во рамките на МУП и УП ќе ги истражуваат постапките на полициските службеници, се вели во изјавата на Аџиќ за РТЦГ. Тој повтори дека, според достапните информации, во населбата Медовина полицијата пристигнала во 15:33 часот, а огнот кобниот ден бил прекинат во 15:50 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk