logo
logo
logo

Шокантна одлука на судот во Приштина: ОТФРЛЕНО ОБВИНЕНИЕТО против 5 лица кои силуваа 11-годишно девојче!

Vecer | 26.01.2023

Шокантна одлука на судот во Приштина: ОТФРЛЕНО ОБВИНЕНИЕТО против 5 лица кои силуваа 11-годишно девојче!

Основниот суд во Приштина го отфрли обвинителниот акт против петмината осомничени, Е.Р. и Ш.К, како и против тројца малолетници вмешани во силување на 11-годишно девојче во август минатата година.

Одлуката ја донел судијата Аднан Исуфи, наведувајќи дека обвинението, односно предлогот во шест точки е нецелосен, објави „Рeпортери“, повикувајќи се на „Заклетвата за правда“.

Во одлуката се наведува дека судот при разгледување на обвинителниот акт е ограничен да не го прејудицира завршувањето на кривичната постапка.

-Иако судењето се уште не е започнато, судот не може да оцени дали фактичката состојба е целосно докажана и несомнено врз основа на доказите, бидејќи со тоа целосно ќе се наштети на завршувањето на судењето, се наведува во одлуката.

Се додава дека обвинителниот акт или предлогот во наведените точки не е доволно јасен, збунувачки, а фактичкиот опис јасно не соодветствува со правната квалификација на кривичните дела и дека е неприфатливо да се подигне обвинителен акт како би се испитал случајот во текот на судскиот процес. (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk