logo
logo
logo

ШОК ФОТКИ НА ЗАМЕНИК-ГРАДОНАЧАЛНИКОТ! Бакнежите со 15-годишно девојче го испратија во затвор

Vecer | 13.05.2021

ШОК ФОТКИ НА ЗАМЕНИК-ГРАДОНАЧАЛНИКОТ! Бакнежите со 15-годишно девојче го испратија во затвор

Вишиот суд во Зајачар денес ја потврдил пресудата на Основниот суд во Бор, според која Бранко Периќ (61) поранешен градоначалник на Бор е осуден на една година затвор во домашни услови заради полово вознемирување.

Пресудата веќе е правосилна, а Периќ, кој тогаш бил заменик-градоначалник на Бор, во центарот на скандалот се нашол откако пред две години на Фејсбук се појавија фотографии на кои тој се бакнува со девојче кое тогаш имало 15 години.

Фотографиите брзо биле тргнати, но и покрај тоа многумина ги зачувале.

Во тоа време од него беше побарано да си даде оставка, што и го стори, а како причини за повлекувањето од функцијата навел дека во прашање се „приватни причини“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk