logo
logo
logo

Шешељ со план за Косово: „Нема независност, ова е единствено сценарио за Албанците“

Vecer | 04.06.2021

Шешељ со план за Косово: „Нема независност, ова е единствено сценарио за Албанците“

Претседателот на СРС Воислав Шешеj објасни во утринската програма на Хепи ТВ дека компромисот за јужната српска покраина - Косово и Метохија да е дел од Србија, со највисок степен на автономија.

„Дванаесет општини треба да бидат дел од централна Србија. Според тој компромис, на Албанците треба да им се дозволи сами да ги извршуваат сите внатрешни работи, да имаат полиција во согласност со бројот на жители. Сега видовме дека ги нема милион, имаат само 800 000 возрасни. Тоа го покажа нивниот попис.“

„Нека ги имаат сите тела на самоуправа кои се слични на државните органи, освен царинските и граничните служби. Тоа е можно кога ќе сфатат дека нема ништо од независноста“ - објасни Воислав Шешељ.

„Целта е да се протераат сите Срби. Затоа тие градат воена база од која може да се види целиот север на Косово и Метохија. Се надевам дека постои можност Чешка да биде првата земја што ќе го повлече признавањето на т.н. Косово. Се надевам дека и Унгарија ќе го стори истото. Се надевам дека Марин Ле Пен ќе победи на претседателските избори во Франција и дека многу работи ќе се променат “- рече лидерот на радикалите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk