logo
logo
logo

СЕСТРА ЗАДАВИЛА СЕСТРА СО ПЕРНИЦА: Стравично убиство во Косово поле

Vecer | 09.05.2021

СЕСТРА ЗАДАВИЛА СЕСТРА СО ПЕРНИЦА: Стравично убиство во Косово поле

Косовската полиција објави дека причина за смртта на женско лице (33) од селото Враголија кај Косово Поле, е гушење за што е осомничена нејзината три години помлада сестра, пренесува Газета Експрес.

Според Газета експрес се работи за давење со перница.

Полициски извори наведуваат дека  во семејтсвото во кое се случила трагедијата познати се случаи на ментална болест. Косовската полиција во соопштението наведува дека според првите информации станува збор за насилна смрт на женска жртва.

„Околу 12 часот добивме информација за сомнителна смрт во селото Враголија во Фуше Косово. Полицијата и лекарите излегоа на лице место за да утврдат смрт на 33-годишна жена. Врз основа на првичните информации, елементи укажуваат на насилна смрт.  Полицијата вниматено го истажува случајот и презема истражни и форензички активности за целосно расветлување “, соопшти полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk