logo
logo
logo

Сестра во БиХ направила катастрофална грешка: Наместо против корона, ги боцнала со вакцина против обичен грип

Vecer | 05.08.2021

Сестра во БиХ направила катастрофална грешка: Наместо против корона, ги боцнала со вакцина против обичен грип

Медицинска сестра во БиХ погрешно вакцинирала осум лица со вакцина против грип, наместо со вакцина против корона вирус. Според локалните власти, за среќа, пациентите не се во животна опасност.

Полициската управа во Добој објави дека вработена во локалниот здравствен дом требало да им ја даде вакцината Синофарм, која штити од коронавирус, но наместо тоа им дала на пациентите вакцина против сезонски грип. Бидејќи било утврдено дека станува збор за грешка, вакцинацијата била прекината.

Медицинската сестра била суспендирана од работа, а полицијата започнала истрага. Лекарите ги известија граѓаните кои примиле погрешна вакцина и им објасниле дека нема опасност по нивниот живот и здравје или можни последици.

Здравствените власти најавија внатрешна истрага за овој пропуст, а потоа ќе одлучат за можните санкции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk