logo
logo
logo

Сепак не е убиен лидерот на озлогласениот „Кавачки клан“, во Панама пукале на друг

Vecer | 02.10.2022

Сепак не е убиен лидерот на озлогласениот „Кавачки клан“, во Панама пукале на друг

Полициските информации, според сознанијата на порталот Стандард, укажуваат дека убиениот во Панама физички не наликувал на шефот на ковачкиот клан Радоје Звицер.

Полициската управа, заедно со идентификацијата и физичката проверка, добила дефинитивна потврда дека Звицер не е убиен во Панама, туку дека се работи за друго лице, чиј идентитет се уште не е соопштен.

Пред два дена, да потсетиме, медиумите објавија информација дека водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер е убиен во пукање во вила во Панама.

Претходно денеска, да потсетиме, Вања Звицер, ќерката на водачот на кавачкиот клан, Радој Звицер, објави видео како пее со нејзината мајка Тамара.

Видеото се појави 48 часа откако беше објавена информацијата дека Радоје Звицер наводно бил застрелан во Панама, а се претпоставува дека неговата сопруга и ќерка сакале на сите да им докажат дека водачот на мафијашкиот клан е сѐ уште жив, пишува Курир..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk