Сензација во Вучедол! Пронајдено животинче без очи кое од 1984 година се смета за изумрен вид

Слепото куче во 19 век и почетокот на 20 век живеело во областа Срем од Винковци кон Сремска Митровица. Од 1984 година се смета за исчезнат вид. Но сензационални вести пристигнуваат од Вучедол кај Вуковар. Слепото куче не е изумрено!
– Видов во градината дека стеблото на празот се тресе. Сопругот со машинка извадил чудно влакнесто животно, поголемо од крт, без опашка и очи – изјавила Сњежана за Хрватски радио Вуковар, која вели дека слепото куче јадело 80 отсто од нивните компирасти растенија.
Сликите од чудното животно ги погледнал Павао Драгичевиќ од Јавната институција за заштита на природните вредности на Вуковарско-сремската жупанија.
– Добра вест е што во Вучедол има жива колонија на слепи кучиња. Сега веќе нема да го сметаме за исчезнат вид – изјави Павао Драгичевиќ за Хрватски радио Вуковар и додаде дека во Вучедол ќе дојде специјализирана екипа од Загреб за да изврши генетско истражување, да го дознае потеклото на глодарите во Вучедол и евентуално да ги премести на друга локација, а на сопствениците би им била надоместена штетата.