Селото кое живее од сушени пиперки (ФОТО)

На север од Лесковац, Србија, со 320 домаќинства или околу 1.300 жители, се наоѓа Доња Локошница, селото кое живее од производство и сушење на пиперки.

Таму црвените пиперки се закачени на секоја фасада и тераса, чекајќи да дојде периодот од годината кога ќе бидат претворени во највкусните традиционални балкански зимници.

До средината на август, па до крајот на октомври, Доња Локошница е во црвено.

Во селото се одгледува автохтонa врста на пиперки, која се суши на природен начин, нанижана на венци и се мели во домашни работилници.

Поврзани

Најнови вести

Коментари