logo
logo
logo

Се укинува вонредната состојба во Пирот, отстранета е последната цистерна со амонијак

Vecer | 15.01.2023

Се укинува вонредната состојба во Пирот, отстранета е последната цистерна со амонијак

„Исто така е подигнат и отстранет четвртиот, последен резервоар со амонијак. Следува уредување на пругата, санирање на штетите, со цел меѓународната железница што поскоро да биде подготвена за сообраќај. Со отстранувањето на последната цистерна од местото на несреќата, создадени се услови вонредната состојба да биде укината утре, кога ќе заседава Штабот за вонредни ситуации на градот Пирот“, изјави Владан Васиќ, кој е и командант на Штабот за итни случаи.

Вонредната состојба во Пирот беше воведена на 25 декември кога поради дотраеност на пругата се лизна дел од возот што превезуваше цистерни со амонијак.

Потоа дошло до истекување на амонијак од еден од цистерните, а на блискиот автопат, кога во облакот од амонијак ненадејно се појавиле бројни автомобили, полесно се повредени 50 лица, додека две лица загинале.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk