logo
logo
logo

Се укинува карантинот за Македонците кои патуваат во Албанија

Vecer | 05.05.2021

Се укинува карантинот за Македонците кои патуваат во Албанија

Се укинува задолжителниот карантин за лицата кои од Македонија и Грција влегуваат во Албанија.

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата попладнево ја укина одлуката за задолжителен двонеделен карантин за сите лица кои од Северна Македонија и од Грција влегуваат во Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана. Карантинот беше воведен на 20 април.

За воведувањето на карантинот реагираа претставниците на македонското малцинство во Албанија. Тие бараа укинување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk