Се согласивме да ги намалиме цените за роаминг, изјави Туск по Самитот во Софија

Самитот ЕУ-Западен Балкан беше успешен, изјави на прес-конференција, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по самитот ЕУ-Западен Балкан, јави бугарската новинска агенција „Фокус“.

„Дозволете да им заблагодарам на бугарскиот премиер Борисов и неговиот тим. Направија нешто одлично и јас сум импресиониран од нивната ефикасност и одлучност. Овој состанок беше успешен“, изјави Туск и го повтори ставот на Унијата дека ЕУ ќе остане силен партнер на целиот Западен Балкан.

Претседателот на Европскиот Совет посочи дека на состанокот станало збор за подобрување на односите во регионот, во однос на економијата, но и дигиталната инфраструктура,

Тој нагласи и дека заедно се согласиле да ги намалат трошоците за роамингот.

Туск додаде дека за Западен Балкан нема друга алтернатива освен европската.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари