logo
logo
logo

Се што досега знаевте за Тито - ЗАБОРАВЕТЕ! Шок сведоштво за најголемата ТАЈНА на МАРШАЛОТ

Vecer | 21.07.2021

Се што досега знаевте за Тито - ЗАБОРАВЕТЕ! Шок сведоштво за најголемата ТАЈНА на МАРШАЛОТ

Адвокатот Мирослав Тодоровиќ - Шера со години се бавел со ликот и делото на Јосип Броз Тито. Тој тврди дека Тито што ние го знаеме има сосема поразлична биографија од онаа која ни ја пласирале.

Вистинскиот Тито загинал на Велигден во 1915, како припадник на Ландер дивизијата. 

Но да почнеме по ред.

„Во најголем дел користев странски извори од париските државни архиви, од Лондон, па дури и германски извори. Знам дека Јосип Броз прв пат влегол на српска територија на 12 август на Дрина како припадник на Ландер дивизијата. Неговата формација се викала Ѓаволска дивизија. Имала задача да го обезбедува теренот. Таа влегува на непријателса териториа и потоа испраќа податоци за главнината на војската з атоа какви препреки ги очекуваат. Имам негово интервју што го дал за весникот „Лајф“ од 1952 година. Тука Тито вели - Јас бев многу добар во таа работа. Учев подофицерска известувачка школа. Имав големи успеси на непријателската територија“, раскажува Тодоровиќ.

 

 

Josip Broz Tito

Како што вели, единствениот пат кога Тито патувал во тој Кумровец кој наводно е негов, било кога се венчал со Јованка.

„Кумови биле Иван Гошњак и Лека Ранковиќ. И него всушност кумовите го натерале да оди во Кумровец. Љубодраг Ѓуриќ бил шеф на Титовиот кабинет. Ѓуриќ открил дека кога отишле таму никој не го препознал Тито и никој не му пришол. Потоа признал дека му рекол на Ранковиќ - Леко, ова не е тој Тито“, раскажал своевремено Тодоровиќ.

Тодоровиќ го поставува прашањето - дали човек кој е роден во запуштеното село Кумровец може да свири Шопен во четири раце со жената на англискиот амбасадор?

 

Jovanka Broz, Tito, Josip Broz Tito

„Ги свиреше извонредно Верди и Бетовен. Луѓето кои се бават со музика велат дека тоа не било возможно освен ако не учел свирење од мали нозе. Каде го научил тој тоа? Кај некоја Лиза од Виена. Играл бриџ, мечувал и се бавел со јавање.  Бил втор во Европа во мечување. Досега никој не ме демантирал. Еве нека се јават историчарите и нека кажат дека „трескам“ глупости. Но нека доажат. Храбро тврдам дека тоа не е тој човек. Тој вистинскиот Јосип Броз гине на Велигден, во 1915“, напоменува Тодоровиќ и вели дека овој Тито кој го знаеме ние бил проект не само на Комитерната, туку и Мосад, па продолжува:

„Татко му бил полски евреин, богат и способен човек кој од Киев преминува во Виена. Мајка му се викала Марија и таа работела кај тој човек. Во француските архиви пишува дека родила машко дете без име на таткото.“

Според неговите зборови Марија малиот Броз го одвела кај татко му, а кога малку пораснал тој му обезбедил пристоен живот, музичко образование.

„Сето траело додека не заминал да се образува да биде шпион. Сетете се, тој сам велеше деа одел во таа подофицерска известувачка школа и дека бил добар во тоа“, вели Тодоровиќ.

Истакнува дека Тито имал жена советник од Ватикан.

„Некоја Франциска. Таа ги имаше вистинските податоци за него, но кога Ватикан го побара тоа, таа исчезна“, вели Тодоровиќ.

 

аа Tito, Jovanka Broz

Вели дека Тито бил во самиот врв на масонеријата, мошне близу до кралицата Елизабета II.

„Се сеќавам на разговорот со професорката од Филолошкиот факултет Вида Марковиќ. Таа беше Титов преведувач на мировната конференција во Париз. Ми рече дека Тито е поготвен на се, дека има инстинкт за самоодржување како ѕвер. Ми рече дека Тито не прочитал повеќе од пет книги во животот, но дека перфектно зборува англиски, руски и германски“, рекол Тодоровиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk