logo
logo
logo

Се ревакцинирала, па се заразила: Доктор Ана Глигиќ вели дека едвај преживеала!

Vecer | 26.03.2021

Се ревакцинирала, па се заразила: Доктор Ана Глигиќ вели дека едвај преживеала!

Српскиот виролог Ана Глигиќ која има 86 години се заразила со коронавирусот два дена по ревакцинацијата.

Таа сега се лекува дома, но вели дека поминала тешко.

„Немав висока температура, околу 37, но не можев да дишам. Беше сосема јасно дека итно морам во болница“, раскажала таа.

Во болница 13 дена била на кислородна поддршка, по што го победи вирусот.

„Верувајте ми не можев да изговорам ни три реченици, а да не се заморам. Не можев ниту на нозе да застанам. Не можев ниту да јадам, ме хранеа. Еве, сега веќе можам да се движам сама низ дома, полека, но тргна на подобро“, изјавила докторката.

Таа порачува дека вакцината е единствениот начин да го запреме ширењето на вирусот.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=MnQkffuLn2E&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk