logo
logo
logo

Се подобрува епидемиолошката состојба во Словенија, отворени скијачките центри

Vecer | 03.12.2021

Се подобрува епидемиолошката состојба во Словенија, отворени скијачките центри

Со 5.485 тестови откриени се 1.737 заразени, 37,1 отсто од тестовите биле позитивни. Ден претходно имало 2.125 заболени односно 34,1 отсто позитивни тестови. Значителен пад на новозаразените се бележи и на неделно ниво и е далеку од состојбата пред еден месец, кога на 3 ноември имаше 4.518 новозаразени, што е највисока бројка досега во четвртиот бран на епидемијата.

Бројот на активни инфекции се уште опаѓа и изнесува 31.796 случаи, а истиот тренд го покажува и двонеделната инциденца која моментално е 1508 (84 помалку од претходниот ден), додека седумдневнатиот просек  на инфекции во еден ден падна за 88 и за прв пат падна под 2.000, моментално изнесува 1906.

Хоспитализациите стагнираат

Хоспитализациите стагнираат, со вкупно 1.059 пациенти во болниците денес, од кои 270 на одделенијата за интензивна нега, додека 17 пациенти починале, со што бројот на починати се искачи на 5.272 од почетокот на епидемијата.

Поповолната епидемиолошка состојба ќе ги подобри резултатите на словенечкиот туризам во зимската сезона, во однос на минатогодишните катастрофални резултати кога претежно беа затворени скијачките центри.

Повеќето од нив имаат доволно снег и денеска се отворени, со пропишаната епидемиолошка рамка за која се надеваат дека ќе трае до крајот на сезоната. Скијачите мора да бидат вакцинирани, со потврда дека прележале Ковид или дека биле негативно тестирани, а маски треба да се носат во кабините на жичарницата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk