logo
logo
logo

Се огласи српското МВР за случајот со Матеј ПЕРИШ: Откриена причината за смртта

Vecer | 19.05.2022

Се огласи српското МВР за случајот со Матеј ПЕРИШ: Откриена причината за смртта

Министерството за внатрешни работи на Србија официјално соопштува дека со ДНK анализа на телото кое вчера околу 09:20 часот е пронајдено во Дунав, утврдено е дека се работи за хрватскиот државјанин Матеј Периш (1994) чие исчезнување е пријавено во полицијата во Белград на 31 декември минатата година.

Според преелиминарните наоди од обдукцијата, смртта настапила по ненасилен пат.

-Припадниците на МВР од моментот на пријавата за исчезнување на хрватскиот државјанин интензивно трагаа по него и ги преземаа сите мерки за да го пронајдат и да ги расветлат сите околности за исчезнувањето, се наведува во соопштението.

Форензичарот Часлав Ристиќ за медиумите во соседството рекол дека за препознавање на телото во голема мера донел и процесот на сапонификација.

- Телото е пронајдено после пет месеци. Зачувано е. Не беше толку во фаза на распаѓање, затоа што беше во вода и затоа што после два месеци од пронаоѓањето на телото се случува еден процес, а тоа е сапонификација на трупот. Тоа го конзервира трупот. На површината на кожата се појавуваат соли, кожата станува лизгава и мазна, а сета таа сапонификација се случува и кон внатрешните органи. Сакам да кажам дека повеќе страдаат внатрешните органи отколку надворешните, односно кожата, објаснил Ристиќ.

Според првичните наоди по обдукцијата, телото што вчера беше извадено од Ада Хуја е на Матеј Периш. Примерокот бил спореден со неговиот татко Ненад Периш. Според првите информации по обдукцијата, причина за смртта е давење. Се уште се чекаат резултатите од токсиколошката анализа кои ќе бидат готови за дваесетина дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk