По низата тешки зборови

Се одложува на неодредено посетата на Вучиќ на Загреб

Официјалната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ се одлага и најверојатно нема да се случи до крајот на оваа година, иако таа е најавена во Белград и Загреб

Официјалната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ се одлага и најверојатно нема да се случи до крајот на оваа година, иако таа е најавена во Белград и Загреб, објави "Јутарњи лист".

Причината за ова се новите "тешки зборови" што паднаа меѓу Белград и Загреб. "Јутарњи" наведува дека кабинетите на двата претседатели комуницираат, но најновите настани укажуваат дека не е време да се сретнат, со констатација дека до напредок во односите меѓу Србија и Хрватска "несомнено нема да дојде".

Причината за ова се најновите "тешки зборови" што паднаа меѓу Белград и Загреб.

"Јутарњи" известува дека претседателот Вучиќ во интервју за РТС изјави дека усвојувањето на Законот за хрватските бранители е "отворање на Пандорината кутија".

Потоа избувна вербален конфликт меѓу српскиот министер за одбрана Александар Вулин и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за изјавата на Вулин дека "во Хрватска се водела граѓанска војна", наспроти Пленковиќ кој изјави дека се работи за агресија.

Најновиот спор избувна поради подигањето споменик на мајорот на ЈНА Милан Тепиќ во Белград, за кој жестоко реагираше Загреб, а Белград одговори со протест, кој Хрватска потоа го одби.

Посетата на Вучиќ на Хрватска долго време е планирана, но, според Вечерњи лист, заострувањето на политичките односи го отежна постигнувањето договор за таа посета.

Пред "последните политички конфликти", претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ испрати порака до Вучиќ дека неговата посета на Загреб не може да биде протоколарна, туку содржајна, потсетува Вечерњи Лист.

Поврзани

Најнови вести

Коментари