logo
logo
logo

“СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ГЕРМАНИЈА ЌЕ СЕ УГЛЕДА НА СРБИЈА: Новинар од Берлин дошол во Брлград да се вакцинира, кога видел што се прави сфатил колку се далеку и зад Србија

Vecer | 14.04.2021

“СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ГЕРМАНИЈА ЌЕ СЕ УГЛЕДА НА СРБИЈА: Новинар од Берлин дошол во Брлград да се вакцинира, кога видел што се прави сфатил колку се далеку и зад Србија

Германски новинар од медиумската куќа RTL дошол во Србија да се вакцинира против ковидвирус, после неуспешните обиди тоа да го направи во својата земја.

Како што рекол, на тој чекор се одлучил откако сватил дека во Германија ќе чека за вакцинација дури до октомври оваа година, иако има 62 години и како новинар спаѓа во загрозена група, бидејќи е во контакт со многу луѓе.

Меѓутоа Србија, ден два пред неговото доаѓање престанала да вакцинира странски државјани.

Но бидејќи е новинар, преку Здружение на новинари на Србија со легална процедура добил спрпски документ за новинари во рок од 24 часа, и со него по редовен пат пеку е-Управа се пријавил за вакцинација.

Објаснил дека процедурата за пријавување одлично е организирана и добил термин за вакцинирање истиот ден.

Во меѓувреме бил на конференција која ја одржала премиерка Ана Брнабиќ. Таа објаснила дека Србија наскоро повторно ќе започне со вакцинирање на странци, како и тоа дека Србија е втора во Европа која добила о започнала со примена на Фајзер вакцина. Прва е Велика Британија.

- Процедурата од влез на Саем до примање на вакцина траеше 15 минути. Се надевам наскоро дека и Германија вака ќе функционира, бидејќи организацијата во Србија е повеќе од одлична и многу сум благодарен што успеав да ја примам првата доза од Фајзер вакцина во Белград – рекол тој.

Тој ќе добие и сертификат дека е вакциниран, со кој ќе може да пристапи и по пат на интернет

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk