Саудиска делегација пристигна во Турција поради истрагата за исчезнатиот новинар

Делегација на Саудиска Арабија пристигна во Турција поради истрагата околу исчезнувањето на истакнатиот саудиски новинар Џемал Кашогиј, објави Ројтерс повикувајќи се на два неиумнувани турски извори.

Вест ја пренесе и турската агенција Анадолија, која додава дека членовите на делегацијата ќе разговараат со турските власти за време на викендот.

Претходно денеска, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција сака да соработува со Саудиска Арабија во истрагата за исчезнатиот новинар.

Џемал Кашогиј исчезна на 2 октомври, кога последен пат го посетил конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Тој е колумнист на „Вашингтон пост“, кој ја критикуваше саудиската влада, ја напушти земјата минатата година и се пресели во САД. Минатата недела отишол во саудискиот конзулат во Истанбул за да ги собере потребните документи за својата претстојната свадба, но оттогаш му се губи секаква трага. Според свршеницата на исчезнатиот новинар, саудијските чувари ѝ рекле дека тој веќе го напуштил објектот.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари