logo
logo
logo

Самит ЕУ- Западен Балкан во Тирана: Од 2023 поевтин роаминг со земјите од ЕУ

Vecer | 06.12.2022

Самит ЕУ- Западен Балкан во Тирана: Од 2023 поевтин роаминг со земјите од ЕУ

Евроинтегративната перспектива на регионот, безбедноста и справувањето со последиците од војната во Украина се во фокусот на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана, прв кој се организира во земја која не е членка на Унијата..

Пораки за европската иднина на регионот пред почетокот на самитот упатија и Европските челници, кои најавија и нов енергетски пакет за Западен Балкан тежок 500 милиони евра.

„Апсолутно сум убеден дека иднината на нашите деца ќе биде побезбедна и по просперитетна со Западен Балкан во ЕУ. И работиме многу напорно за да имаме напредок.

„Првата тема ќе биде за енергетската безбедност, а ние воспоставивме енергетски пакет Европската Унија предвидува 500 милиони евра што ќе ги добијат земјите од Западен Балкан за помош на нивните буџети и економија и 500 милиони евра за инфраструктура, за инвестирање во обновливите извори на енергија, енергијата на иднината.

Македонија во тирана претставувана од премиерот Ковачевски кој на социјалните мрежи меѓудругото напиша дека европскиот пат на регионот е трасиран, а иднината на Македонија е во ЕУ. Ковачевски објави и дека на маргините на самитот се сретнал со германскиот канцелар Шолц и францускиот Претседател Макрон со кои разговарал и за скрининг процесот.

„Денеска за време на Самитот во Тирана разговараме за актуелните процеси во Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме. – напиша Ковачевски.

Одржувањето на самитот албанскиот премиер Рама пак го оцени како знак за свесноста на ЕУ дека Западен Балкан и е потребен на Унијата исто толку колку што на регионот и е потребна европската интеграција.

„За нас ова е неверојатно, историско, нешто што дури и најхрабрите во нивната имагинација не би замислиле дека ќе се случи, а се случува и прекрасно е, мислам дека е многу силен знак за свесноста на ЕУ дека на ЕУ и е потребен Западен Балкан исто толку колку што Западен Балкан и е потребен на ЕУ.

По неколку дневна неизвезност дали ќе присуствува или не, во Тирана е и српскиот Претседател Вучиќ кој објасни и зошто ја променил одлуката.  

„Секогаш е подобро да се биде на маса, бидејќи кога не си на маса, тогаш си на менито, ова е добра можност да се заштитат интересите на Србија.

На самитот, претставници на мобилните оператори потпишаа и заедничка декларција за следните чекори за намалувње на роамингот меѓу ЕУ и Западен Балкан. Со договорот од 1 октомври идната година, Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи за плаќање, а во подоцнежните фази се предвидува целосно укинување на роамингот меѓу Западен Балкан и ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk