logo
logo
logo

„Сали Бериша ПЕРСОНА НОН ГРАТА ВО САД, доказите се собирани со години“

Vecer | 20.01.2022

„Сали Бериша ПЕРСОНА НОН ГРАТА ВО САД, доказите се собирани со години“

Американската амбасадорка во Тирана изјави дека поранешниот албански премиер Сали Бериша бил прогласен за „персона нон грата“ во САД откако биле собрани многу докази.

„Во овој процес се вклучени агенции како што се Министерството за финансии, ФБИ, ЦИА, ДАШ. Во него се вклучени експерти кои ги разгледуваат фактите. Прво се собираат фактите, потоа се разгледуваат, а потоа се прсаави досие, кое државниот секретар го потпишува, рече таа

Јури Ким објасни дека процесот на прогласување некого за „персона нон грата“ трае со години и не се прави во рок од еден ден.

Стејт департментот истражува повеќе од 200 луѓе вмешани во значителна корупција. Сите овие случаи се подложени на многу ригорозен процес на преглед од страна на голем број агенции“, рече Ким.

Според неа, нема докази кои можат да се изнесат во јавноста во ниту еден судски процес.

„Во никој случај не презентираме докази. Ова не е процес“, рече Ким, која постојано инсистираше дека и покрај тоа што Бериша поднел тужба во Париз по ова прашање, нема да има најави од САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk