Хашим Тачи:

САД ветија дека ќе посредуваат во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Пенс веднаш ја потврди американската позиција, дека Косово како суверена земја има право да формира вооружени сили и потври дека тие сили ќе бидат модерни и мултиетнички, според стандардите на НАТО, нагласи Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека американскиот потпретседател Мајк Пенс му ветил оти САД директно ќе се вклучат во преговорите меѓу Белград и Приштина.

- Дојде време за директно вклучување на САД во дијалогот меѓу Косово и Србија. Пенс ја потврди ангажираноста на Белата куќа во тој важен процес, нагласи Тачи.

Косовскиот претседател констатираше дека вклучувањето на САД ќе му даде ново значење и динамика на дијалогот.

Тачи наведе дека, при средбата со Пенс во Вашингтон, тие разговорале и за формирање на косовска војска, што, како што посочи Тачи, ќе биде создадена уште годинава.

- Пенс веднаш ја потврди американската позиција, дека Косово како суверена земја има право да формира вооружени сили и потври дека тие сили ќе бидат модерни и мултиетнички, според стандардите на НАТО, нагласи Тачи.

Тој додаде и дека Пенс нагласил оти американската Администрација инсистира Косово да го реши прашањето на демаркацијата на границата со Црна Гора.

Поврзани

Најнови вести

Коментари