Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Фили Коснет за вториот канал на косовската радио-телевизија изјави дека САД се против размената на територии на Западен Балкан.

Не знам кој ги пишува овие неофицијални документи, но кој и да ги пишува, секако е задоволен од прекумерната реакција, изјавил Коснет, коментирајќи го објавувањето на нон-пејперот кој содржи можност за промени на границите на Западен Балкан..

Тој изјави и дека Вашингтон е посветен на поддршката за процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина, под закрила на ЕУ и дека имало многу вредни делови во вашингтонскиот договор подготвен од претходната американска администрација и дека тој акт продолжува да биде основа за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина но, и дека не содржи политички елементи за кои актуелната администрација на Бајден смета дека би требало да ги има.