САД ја обвинија Русија дека игра деструктивна улога на Балканот

Американскиот помошник-државен секретар за Европа и Азија, Вес Мичел, ја обвини Русија за ширење  дезинформации и поткопување на демократијата на Балканот, пишува „АФП“.

Пред новинарите во Приштина, Мичел истакна дека Вашингтон гледа како Русија игра деструктивна улога на голем дел од Балканот преку ширење дезинформации и поткопување на демократските институции.

Американскиот дипломат истакна дека Белата куќа била јасна во разговорите со Русија дека тоа не е ниту во нивен, ниту во интерес на луѓето од регионот.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари