САД ја блокираа израелската продажба на борбени авиони F-16S на Хрватска

САД ја блокираа израелската продажба на користени борбени авиони F-16 на Хрватска, јавија израелските медиуми.На почетокот на годинава беше објавено дека Израел продава 12 авиони
од американско производство на Хрватска за 500 милиони долари.

Грција, Јужна Кореја, Шведска и САД исто така и понудија на Хрватска воени авиони за да ги замени застарените авиони MIG-21S од руско производство. Повикувајќи се на неименувани израелски извори, израелската ТВ Канал 10 јави дека владата на претседателот Доналд Трамп е гневна бидејќи Изрел додал зајакнати екетронски системи од израелско производство на авионите F-16S, само со цел да ја убеди Хрватска да ги купи.

Според истите извори, САД сметата дека Израел профитирал на нефер начин, бидејќи авионите се од американско производство и не било предвидено да бидат продадени на трета страна без одобрение на земјата која што ги произвела, односно САД.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари