logo
logo
logo

САД го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина

Vecer | 20.03.2023

САД го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина

Во соопштението на Стејт Департментот, се заблагодаруваат на Унијата за посредството во преговорите, но и на македонската Влада за одржувањето на средбата и поддршката во финализацијата на договорот. Американскиот државен секретар Блинкен им честиташе  и на Вучиќ и Курти за нивното лидерство во постигнувањето на согласност за спроведување на европскиот предлог. Токму договореното од Охрид ќе биде тема и во Брисел, каде високиот претставник на Унијата Жозеп Борел ќе ги информира министрите за надворешни работи на земјите –членки за исходот од средбата во Охрид.

-Косово и Србија, долги разговор за финализирање на договорот што ќе се гледа како составен дел од европскиот пат за двете страни. Тоа ќе биде дел од преговарачкото поглавје, поглавје 35 во преговорите со Србија и ќе биде вклучена во документот за нормализација и во барањата од Косово. Тоа сега е обврска и ние внимателно ќе го следиме спроведувањето. Двете страни се согласија и се обврзаа да го направат тоа и ајде сега внимателно да набљудуваме како ќе се одвива,--Џозеп Борел – Висок претставник на ЕУ за надворешна политика.

Договорот и анексот за негово спроведување иако не се потпишани, ќе станат формални услови за патот на Србија кон ЕУ, а ќе бидат услов и за напредокот на Косово.

Српскиот претседател Вучиќ рече дека иако не ги потпишува, ќе работи на спорведување на договореното, без признавање на независноста на Косово или пак, одобрување на нивно членство во Обединетите нации.

Косовскиот премиер Курти пак, побара од ЕУ обврските од договореното да ги напрви правно – обврзувачки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk