Според медиумите

Руските МиГ-ови денес пристигнуваат во Србија

Политика наведува дека овие борбени авиони во Русија поминале низ модернизација и најголемиот дел од ремонтот

Два руски ловечки авиони МиГ 29 денес би требало да и бидат предадени на Војската на Србија на воениот аеродром Батајница, а останатите четири до петок, додека во Србија ќе бидат пренесени во делови, пишуваат белградските медиуми.

Политика наведува дека овие борбени авиони во Русија поминале низ модернизација и најголемиот дел од ремонтот, а финализацијата ќе биде завршена во Србија за да се ускладат со стандардите на тамошната војска.

Според весникот, планот е сите шест авиони кои Русија и ги подари на Србија да бидат донесени до петок.

Новости пренесуваат дека МиГ-овите ќе бидат донесени во Србија расклопени на поголеми целини, а планот е авионите, опремата, вооружувањето и сите резерви делови во Србија да стигнат до петок.

Леталата, кои ќе бидат донесени со транспортен авион "руслан", ќе бидат составени и функционални во следните две недели, пишува весникот и наведува дека доаѓаат и руски експерти кои ќе помогнат околу составувањето и поврзувањето на компонентите и дека станува збор за многу сложена операција.

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, неодамна изјави на седница на собраниската Комисија за одбрана и внатрешни работи дека авионите МиГ од Русија ќе стасаат до крајот на годината.

Наведувајќи дека "од НАТО агресијата Србија нема ниедна ескадрила од МиГ-ови 29", Вулин истакна дека Србија има потреба од такви авиони уште од 2000 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари