Руските медиуми на големо пишуваат за изјавите на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој ги спореди паролите „За дом спремни“ и „Слава на Украина“.

„Се борам како Исус да ги оставам настрана паролите како ЗДС. Ако не си го сфатил тоа, не можам да те преобразувам. Но, нема разлика помеѓу „Спремни за дома“ и „Слава на Украина“. Тоа е крикот на најрадикалните шовинисти на Западна Украина кои работеа со нацистите и убиваа илјадници Евреи, Полјаци… Не сакам да го слушнам тоа во Хрватска“, рекол меѓу другото Милановиќ.

Неговата изјава ја пренеле бројни руски медиуми, што не е првпат Милановиќ да се најде во фокусот на руските медиуми, пишува сараевско Ослобоѓење.

Руската Известија објави дека хрватскиот претседател Милановиќ го нарекува украинскиот националистички поздрав фашистички. „Тој со сите сили се бори да ги отстрани паролите како „За дом спремни“, поздравот на хрватското усташко движење, аналогно на германскиот фашистички поздрав“, пишува „Известија“.

Шефот на Хрватска го спореди слоганот „Слава на Украина“ со усташкиот поздрав“, вели Газета.

ТАСС н хнаведува дека хрватскиот претседател украинскиот националистички поздрав го нарекол фашистички, додека порталот Мк.ру наведува дека Милановиќ побарал да не се користи нацистичката парола „Слава на Украина“.

Хрватскиот претседател го критикуваше поздравот „Слава на Украина“, а западните функционери ги нарече неписмени“, заклучува руска Лента, пренесува Index.hr.