Русија со одговор до Грција: Никогаш и не ве гледавме како сојузници

Русија никогаш Грција не ја гледале како свој сојузник и партнер во Европа...

Русија ќе депортира двајца грчки дипломати како одговор на одлуката на Атина за двајца протерани руски дипломати кои се прогасени за персона нон грата, изјавил заменикот на комитетот на Советот на руската федерација за меѓународни односи Андреј Климов.

"Принципот на репроцитет се примнува во сите такви случаи, без исклучок. Тоа е основниот принцип во дипломатијата", навел тој.

Спрема неговите зборови, без таков одговор Русија нема да биде во можност да осигура безбедност на своите вработени.

Кимов додава дека Русија никогаш Грција не ја гледале како свој сојузник и партнер во Европа – самиот факт дека е во НАТО зборува се", додал тој.

Претходно грчките медиуми соопштиле дека грчките власти протерале двајца руски дипломати, како и на двајца им забраниле влез во земјата, поради незаконско влијание врз одредени службени лица по прашањето за новото име на Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари