logo
logo
logo

Рекорден број новозаразени во Србија, откажани се масовни дочеци на Стара нова година

Vecer | 13.01.2022

Рекорден број новозаразени во Србија, откажани се масовни дочеци на Стара нова година

Во вторникот биле потврдени 13.693 случаи на зараза, што е најмногу од првиот регистриран случај. Вчера имало 12.877 новозаразени, а денеска од 33.163 тестирани примероци позитивни биле 13.753. За само три дена потврдени се повеќе од 40.000 инфекции, но епидемиолозите проценуваат дека врвот на овој бран на корона сè уште не е достигнат.

Со 19 смртни случаи поврзани со Ковид во последните 24 часа, Србија има повеќе од 13.000 жртви на короната од почетокот на пандемијата - вкупно 13.003, со благ пад на стапката на смртност од 0,94 на 0,93 проценти.

Денеска во болниците има 2.340 пациенти, од кои 96 се на респиратори. Од почетокот на епидемијата досега се тестирани 7.548.292 примероци, а заразата е потврдена кај 1.399.867 лица, соопшти Министерството за здравство.

Епидемиолозите проценуваат дека значително зголемениот број на новозаразени е последица не само на омикрон варијантата на коронавирусот, туку пред се масовните новогодишни прослави, особено во Белград, каде градските власти тврдат дека на улиците имало повеќе од 100.000 луѓе со два концерта и огномети, вклучително и илјадници странци, гости, вклучително и оние од земјите на поранешна Југославија.

Поради наглото зголемување на бројот на заразени, откажани се бројните собири и концерти на отворено, најавени во повеќе српски градови по повод новогодишната ноќ, која според јулијанскиот календар се слави вечерва.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk