logo
logo
logo

РАЗУРНАТИ КУЌИ И ДУЌАНИ: Како изгледа Лариса по земјотресот (ФОТО)

Vecer | 03.03.2021

РАЗУРНАТИ КУЌИ И ДУЌАНИ: Како изгледа Лариса по земјотресот (ФОТО)

Силен земјотрес со јачина од 6.2 степени по Рихтер го погоди градчето Лариса, во централна Грција, во 11 часот и 16 минути.

Иако се уште нема информации за жртви, страшни се глетките од разурнатите домови и објекти во градот.

Земјотресот беше почувствуван речиси на целиот Балкан а и кај нас. Според зборовите на Битолчани, се работеше за чуден земјотрес кој траеше долго и беше силен по јачина, многумина пријавуваат дека дури им се слошило од тресењето.

На Твитер веќе се споделуваат фотографии на кои се гледаат разурнати куќи, дуќани, додека граѓаните од страв се по улиците.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk