Разбиена криминална организација во Грција која криумчарела мигранти

Од грчката полиција соопштија дека досега се уапсени 36 инволвирани лица во криминалната организација, а идентификувани и уапсени се над 80 странски државјани за кои биле извршени подготвителни активности за нивно заминување од Грција.
Дополнително, откриени се и пет професионално опремени работилници за изработка на фалсификувани документи и лоцирани се десет станови за сместување на странските државјани кои биле подготвени за заминување.
Акцијата на полицијата се води во различни делови на областа Атика, поширокиот дел на Атина, во Солун и областа Илиа на Пелопонез./МИА