logo
logo
logo

Eди Рама со порака до Црна Гора: Придружете се на “Отворен Балкан“! За луѓето тоа значи слобода!

Vecer | 03.08.2021

Eди Рама со порака до Црна Гора: Придружете се на “Отворен Балкан“! За луѓето тоа значи слобода!

Албанскиот премиер Еди Рама отвори нов граничен премин меѓу Албанија и Црна Гора во друштво на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ, пренесуваат Репортери.

Рама исто така ја повика Црна Гора да се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“ без да губи време.

- Сакам да и се заблагодарам на црногорската страна за оваа инвестиција бидејќи инвестиравме долго време и сега тоа е уште една царинска точка која не поврзува и не треба да не разделува. Исто така, сакам да напредувам со премиерот Кривокапиќ и Абазовиќ и Црна Гора да биде вклучена во иницијативата „Отворен Балкан“ - рече Еди Рама.

Тој додаде дека „Отворениот Балкан“ е сеопфатна иницијатива што ги таргетира сите земји во регионот. Според него, тоа не е нов пронајдок, туку едноставно Берлински процес, за да ги натера луѓето од Западен Балкан да се чувствуваат слободни.

- Иницијативата не е ексклузивна и треба да ги вклучи Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

„Не треба да се измислува ништо ново за да може регионот да ги почитува четирите слободи“, рече Рама.

[embed]https://youtu.be/hu9vnJmmrYA[/embed]

Да потсетиме, „Отворениот Балкан“ беше покренат по иницијатива на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а идејата беше прифатена од премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев.

Во авторскиот текст за „Политика“, Вучиќ посочи дека немало толку важен чекор на Балканот предолго, што би го повлекол регионот напред и дека ова е првпат некој на Балканот да лансира нешто што е добро за целиот регион, заради што, договорите во Скопје се историски, а историски, вели тој, ќе бидат нивните резултати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk