logo
logo
logo

Рама реагираше за ситуацијата на северот на Косово и повика да престане насилството

Vecer | 26.05.2023

Рама реагираше за ситуацијата на северот на Косово и повика да престане насилството

Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на Твитер реагираше во врска со ситуацијата во Косово и повика на прекин на насилството, наведувајќи  дека „демократскиот свет го стави во центарот на вниманието дијалогот, нормализацијата и взаемното признавање меѓу Косово и Србија".

Тој додава дека ова што се случува ниту најмалку не е во прилог на процесот во кој „се ангажирани сите големи пријатели на Косово за нормализација на односите со Србија".

- Дали ова што се случува на Косово му помага на процесот каде се ангажирани сите големи пријатели на Косово и на Албанците, за нормализација и меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија?! Секако не, се додека нашите најголеми пријатели се длабоко загрижени, пишува Рама.

Додава дека се придружува во апелот да се запре со насилство.

- Им се придружувам во апелот да не се продолжува по овој не само опасен, туку и целосно непотребен пат денес, кога демократскиот свет во центарот на вниманието ги стави дијалогот, нормализацијата и меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија, наведува албанскиот премиер Рама. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk