logo
logo
logo

Рама разговарал со Борисов за бугарското малцинство во Албанија - КОЕ ГО НЕМА

Vecer | 24.06.2022

Рама разговарал со Борисов за бугарското малцинство во Албанија  - КОЕ ГО НЕМА

Албанскиот премиер Еди Рама, повторно реагираше на Твитер, во врска со Бугарија, во која наведува дека „вистинските пријатели не си наштетуваат еден на друг, туку ја кажуваат вистината еден на друг и си подаваат рака“.

Тој открива дека имал телефонски разговор со Бојко Борисов за да се реши „прашањето на бугарското малцинство во Албанија“.

-Дозволете ми да ви кажам, драги бугарски пријатели, дека имав краток телефонски разговор со Бојко Борисов за пријателски и искрено да го решиме прашањето за бугарското малцинство во Албанија! Вистинските пријатели не си наштетуваат еден на друг, туку ја кажуваат вистината еден на друг и си подаваат рака! напиша Рама.

Албанија во средината на октомври 2017 година усвои Законот за заштита на малцинствата, со што за првпат призна и бугарското малцинство во земјата, покрај Македонци, Власи, Грци, Египќани, Срби, Бошњаци, Црногорци и Роми.

Претставниците на македонската партија и здруженијата изразија незадоволство од ваквиот однос на албанските власти, додавајќи дека попуштиле пред „заканите на Бугарија за вето за започнување на преговорите за членство со ЕУ“.

Според нив признавањето на непостоечко бугарско малцинство е „геноцид врз Македонците и деформација на историјата”, зашто во Албанија „ниту живееле, ниту живеат Бугари“.

Во текот на расправата по Нацрт-законот и тогашниот министер за надворешни работи Дитмир Бушати на барањето на претставниците на бугарската амбасада им одговори дека во ниту еден попис ниту еден граѓанин на Албанја не се изјаснил како Бугарин и оти доколку некој има пасош на друга земја не значи дека е тоа по етничка припадност, споредувајќи со Албанците во Италија.

-Во Италија живеат неколку стотина илјади Албанци, половина од нив поседуваат италијанско државјанство и пасош, но тоа не значи дека се Италијанци, рече тогаш Бушати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk