logo
logo
logo

Рама му врати на бугарското МНР: Или кренете го ветото, или трпете ме

Vecer | 24.06.2022

Рама му врати на бугарското МНР: Или кренете го ветото, или трпете ме

На овие зборови на Рама се налутија од бугарското МНР, а тој додаде „Од една заедничка визија и заедница, ЕУ стана инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота. Едната земја наметнува нешто свое, а другите 26 не можат ништо да направат околу тоа“, изјави Рама.

Бугарското МНР остро реагира на изјавите на албанскиот премиер и побара од него да го прилагоди вокабуларот.

„Жолчните изјави на толку ниско ниво повеќе не можат да се оправдаат со природата и недостигот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да ги приспособи своите изразни јазични средства соодветни за политичар од земја кандидат за членство во ЕУ“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер веднаш возврати на соопштението и посочи дека токму Бугарското Министерство за надворешни работи имало проблем со неговиот начин на говор.

„О! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот начин на зборување! Во ред. И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две НАТО-земји! Полека пријатели: Подигнете го ВЕТОТО или трпете ме!“, напиша Рама на Твитер.

Меѓу другото на самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржува во Брисел, премиерот на Албанија изразувајќи солидарност за Македонија, иронично при поздравот со претседател на Европскиот Совет Шарл Мишел, претседателката на Европската Комисија Фон Дер лајен и францускиот претседател Макрон, им се обрати со зборовите „поздрав од Источна Македонија“ со што предизвика смеа кај присутните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk