logo
logo
logo

Рама: Мини-шенген ги руши границите, ама ќе поминат години додека Косово го сфати тоа

Vecer | 22.04.2021

Рама: Мини-шенген ги руши границите, ама ќе поминат години додека Косово го сфати тоа

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека спроведувањето на идејата за балкански мини-шенген ќе значи отстранување на границата меѓу Косово и Албанија и ги критикуваше приштинските власти поради одбивањето да бидат дел од регионалните дискусии на Балканот за ова прашање, пренесува РТС.

Тој изјави дека првичната идеја за балкански шенген потекнува од поранешниот албански премиер Фатос Нано, а тој подоцна ја оживеал.

„Го отворив ова прашање затоа што се создадоа услови. Не го прифатија. Регионалниот шенген значи отстранување на границата меѓу Албанија и Косово, но додека оние во Косово го сфатат тоа ќе поминат години, а Косово и Албанците ќе изгубат многу време“, изјави Рама за „Еуроњуз Албанија“.

Тој смета дека за Приштина дијалогот со Белград треба да биде приоритет, кој треба да го подигне Косово во економска и социјална смисла.

„За мене иднината на Косово без храброст и решеност да се стави крај на дијалогот е мрачна, не во смисла на независноста, туку во однос на капацитетите што можат да бидат на располагање за да се подигне Косово на друго ниво во економски и социјален план“, додаде албанскиот премиер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk