Рама: Изјавата за заеднички претседател е извадена од контекст, си дозволив да фантазирам

Албанскиот премиер Еди Рама по реакциите што ги предизвика неговата изјава за заеднички претседател на Албанија и Косово, рече тоа била само негова мечта и е извадена од контекст.

„Еден слободен говор беше изваден од контекст и претворен во политичка програма. Во обраќањето си дозволив да фантазирам каква би можела да биде 20-годишнината од независноста на Косово. Тоа е национален спорт, но исто така и интернационален, се вади еден збор од контекстот и потоа се создава приказна. Но, верувам дека никој не ме спречува да мечтаам. Што се однесува до артикулацијата како тоа може да се случи од законодавна гледна точка, мојата фантазија не стигна до таму“, изјави Рама за тиранската телевизија „Топ ченал“.

Европската Унија оцени дека изјавата на Рама претставува мешање во внатрешните работи на Косово.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари