Рама: Единствено решение за проблемите меѓу Белград и Приштина е признавањето на Косово

Единствено решение за проблемите меѓу Белград и Приштина е признавањето на независноста на Косово. Ова е ставот на Тирана изнесен од страна на албанскиот премиер, Еди Рама.

„Се надевам дека наскоро ќе завршат преговорите. Ги разбирам болните напори на српскииот претседател Александар Вучиќ да биде изнајдено решение за проблемите. Сепак, верувам дека единственото вистинско решение е целосно признавање, ова е единствениот начин да се решат крвавите конфликти од минатото“, рече Рама.

Албанскиот премиер додаде дека одлуката е во рацете на двете страни.

„Албанија е заинтересирана за решение, но ние никогаш не зборуваме во име на Косово, туку во корист на Косово. Знам дека нашите ставови не се пријатни за слушање во Белград, но тие се такви“, рече Рама.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари