logo
logo
logo

Рама: БУГАРИЈА Е СРАМ

Vecer | 23.06.2022

Рама: БУГАРИЈА Е СРАМ

Срамота е што членка на НАТО држи во заложништво две други земји на НАТО, ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама за БНТ коментираше за тоа што се случува во Бугарија во случајот со евроинтеграциите на Македонија и Албанија.

„Вие сте хаос, целосен хаос. Вие сте срам. Срамота е што членка на НАТО држи во заложништво две други земји на НАТО додека во дворот на Европа беснее жешка војна. И, се разбира, не е пријатно да се видат 26 други земји како демонстрираат застрашувачка беспомошност“, рече тој.

Запрашан дали денеска очекува добри вести, тој рече: „Преферирам да немам очекувања за добри вести, бидејќи како што реков вчера, имаше одреден оптимизам, но еве нè - нов ден во Европа, но не и во Бугарија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk