logo
logo
logo

Радев одби да ја потпише декларацијата за членство на Украина во НАТО

Vecer | 03.10.2022

Радев одби да ја потпише декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови колеги од централна и источна Европа за поддршка на интегритетот на Украина и нејзиниот прием во НАТО.

Радев не се согласувал со целосниот текст на декларацијата иако Бугарија е дел од декларацијата од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година за идниот пристап на Украина. Но оваа декларација е усвоена во сосема поинаква безбедносна средина, се наведува во соопштението.

Воените акции на територијата на Украина денеска бараат нејзиното членство во Алијансата да се дискутира во целосниот состав на северноатлантскиот совет и да не доведе до ризик од директно вклучување на земјите од нато во војната, се додава во соопштението.

Документот со кој се осудува припојувањето на нови украински територии кон Русија го потпишаа претседателите на Романија, Чешка, Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Македонија, Црна Гора и Словачка

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk