logo
logo
logo

Радев и даде ОРДЕН на француската амбасадорка, ИМ ПОМОГНАЛА ВО СПОРОТ СО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 03.10.2022

Радев и даде ОРДЕН на француската амбасадорка, ИМ ПОМОГНАЛА ВО СПОРОТ СО МАКЕДОНИЈА

За време на француското претседателство со Советот на Европската Унија во првата половина на 2022 година, амбасадорката Флоренс Робин значително придонесе за разјаснување на проблемите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и бугарската позиција пред француските институции и експерти.

Ова го порачал денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој ја одликуваше со орден амбасадорката на Француската Република во Бугарија, Флоренс Робин за големите заслуги на дипломатката за зајакнување и развој на бугарско-француските односи, објавија бугарските медиуми.

Згора на тоа, таа отворено ги сподели и ги бранеше своите позиции во време кога не сите наши европски партнери и експерти од Брисел ја сфатија длабочината на овие проблеми и не успеаја да навлезат во целата сложеност на загатката на политичките односи овде, рекол тој.

Робин изразила благодарност до бугарското Министерство за надворешни работи изрази, нагласувајќи дека дијалогот меѓу нив отсекогаш бил лесен и искрен.

„Мислам и на работата што ја направивме заедно за време на француското претседателство, особено во однос на прашањето за Северна Македонија“, рекла таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk