logo
logo
logo

Радев бара од Кирил Петков да се изјасни за позицијата во однос на Македонија

Vecer | 06.12.2021

Радев бара од Кирил Петков да се изјасни за позицијата во однос на Македонија

Дека темата Македонија е едно од клучните предизвици за потенцијалната нова влада, стана јасно на денешните консултации на Радев со победничката „Продолжуваме со промените“, на кои македонско-бугарскиот спор беше изложен како приоритет за идното делување на владата.

-Би ви бил благодарен да ги изложите вашите погледи во однос на проширувањето на ЕУ, за утврдувањето на правата на бугарските граѓани, за нашиот идентитет, историја и култура, зашто општеството очекува последователни позиции и професионални дејствија на бугарската дипломатија. , рече Румен Радев претседател на Бугарија

Радев одговор не доби, иако веднаш по средбата, Петков за медиумите потенцира дека прашањето за Македонија не е „црвена линија“ во преговорите меѓу четирите се поизвесни  коалициските партнери.

-На никој начин нема поделби во однос на политиките, за кои би имале црвени линии. Нема такво нешто, но има теми за кои во моментов не сме сигурни дека го имаме најправилното решение. С.Македонија црвена линија ли е? –Не, одговори, Кирил Петков, копретседател на „Има таков народ“

Во меѓувреме, бугарските медиуми го објавија наводниот список имиња во бугарската влада, која би ја предводел Петков. Според написите, позицијата министер за одбрана би дошол ја презел актуелниот технички премиер Стефан Јанев, прв човек на полицијата останува Бојко Рашков, а министерот за надворешни работи би дошол од редовите на партијата на Трифонов, Има таков народ. Димитар Гардев. Поранешниот дипломат и меѓународен секретар на партијата во изминатиот период се издвои со остри ставови во однос на Македонија, пред се со тврдењата за дискриминација врз македонските Бугари во земјава. 

-Нашите партнери од Скопје не го разбираат европскиот процес. Тие мислат така е тоа „тука ќе ги притиснат, некаде ќе отстапат... Типично балкански? Типично балкански, да. , изјави неодамна Димитар Гардев политичар од „Има таков народ“ за „7-8 ТВ“ .

По преземањето на мандатот Петков има седум дена да состави влада. Останува неизвесно дали Бугарија ќе успее да го оформи новиот кабинет до Советот на ЕУ за осум дена, кога ќе се донесе одлуката за македонските преговори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk