logo
logo
logo

Вучиќ

„Путин НЕ БЛЕФИРА, тоа е се што можам да кажам“

Vecer | 21.09.2022

„Путин НЕ БЛЕФИРА, тоа е се што можам да кажам“

Мислам дека успешно ја деескалиравме кризата во Косово, но ќе мора да работиме повеќе за да најдеме долгорочно решение. Нема да го бараме виновникот, но компромисот е многу подобар од оружјето и бомбите што ги гледаме денес“, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ во емисијата „Разбуди се Америко“ на Newsmax.

Запрашан на чија страна е Србија во војната во Украина, тој рече: „Имаме традиционално добри односи со Русија и Украина“.

Тој додаде дека Србија не е на ничија страна и дека секогаш ќе ја осудува војната.

Вучиќ ги потсети присутните дека Србија ја прослави 140-годишнината од односите со САД и дека двете земји биле на вистинската страна на историјата во двете светски војни.

„Се надеваме дека мирот ќе победи и дека сите ќе направат се за да се постигне компромис. Тоа е подобро отколку да чекаме нечиј пораз. Се сретнав со Путин неколку пати и не верувам дека блефира. Тоа е се што можам да кажам. “, додаде Вучиќ на прашањето за најавата на рускиот претседател.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk