logo
logo
logo

Путин му ветил на Вучиќ дека цените на гасот нема да се менуваат

Vecer | 25.11.2021

Путин му ветил на Вучиќ дека цените на гасот нема да се менуваат

Вучиќ за ТВ Пинк во Сочи, каде што се сретна со шефот на руската држава, изјави дека во следните шест месеци ќе се зголемат количините на гас за Србија, оценувајќи дека е обезбедена и „флексибилност“ во снабдувањето.

Тој, исто така, разговарал за долгорочен договор со Путин, но рече дека не може да зборува за неговите елементи додека не биде објавен.

Вучиќ рече дека „поставени се некои рамковни елементи“, врз основа на кои Србија ќе има посебна цена и зголемување на обемот на испораките на гас и по истекот на шесте месеци.

Од 270 долари, истакна Вучиќ, Србија заштедила повеќе од 300 милиони евра за шест месеци, во споредба со она што би го платила доколку би купила гас по сегашните берзански цени. Како што нагласи, Србија нема да има проблеми со снабдувањето со гас, а со тоа ниту со струја, ниту со парно греење.

„Ова е спас за нас“, рече Вучиќ, тврдејќи дека во тричасовниот разговор Путин му поставил 90 прашања од различни области и дека „нема тема што не е допрена“.

Тој изјави дека разговарале за ситуацијата во Косово и регионот и дека го информирал шефот на руската држава за „надворешните“ притисоци со кои се соочува Србија и за ситуацијата на северот на Косово.

Станало збор и за соработка во железничката инфраструктура и воено-техничка соработка. „Го информирав и за различни промени во односите во регионот и се молев некои работи побрзо да стигнат во Србија“, рече Вучиќ, наведувајќи дека тоа се ракетниот систем Корнет, лансирните рампи и ракетите.

Тоа не се стратешки работи, туку тактички и во иднина ќе има работи од стратешки интерес за Србија, а тоа, како што најави Вучиќ, „не во далечна иднина“.

Според Вучиќ, Путин „со задоволство“ ја прифатил неговата покана да ја посети Србија, која се очекува меѓу мај и септември 2022 година.

Тој ја пренел и пораката на Путин дека Србија нема да биде оставена на „цедило“ во работите каде Русија може да помогне.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk