Косовската полиција потврди дека две жени биле ранети во Косовско Поле кога маж пукал во нив.

Како што велат, мажот е идентификуван, но се уште не е уапсен, пренесува Репортери.

Велат дека полицијата на местото на настанот пристигнала неколку минути по инцидентот.

„Според првичните податоци, постои сомневање дека пријавениот со огнено оружје повредил две лица, двете од женски пол. Тие се испратени на лекување“, изјавија од полицијата за новинарите.

Оттаму додаваат дека полициските истражители во координација со обвинителството преземаат истражни дејствија за приведување на осомничениот, кој е идентификуван, како и за целосно расветлување на овој случај.

Постар маж денеска пресретнал две жени кои биле во автомобил и пукал во нив.