Германски има став...

Прво да ви го земеме Косово, после тоа нема менувње граници на Балкан!

ЕУ е единствен партнер на Западен Балкан која води сметка за неговата стабилност... 

Претседателот на Одборот за евопски работи германскиот Бундестаг Гинтер Крихбаум оценил, дека после самитот на ЕУ – Западен Балкан во Софија, е важно што од таму "повторно испратен јасен став за евопската перспектива на земјите од Западен Балкан", и дека Косово не е единствен предизвик со кој Србија се соочува" на патот кон ЕУ, и дека "преговорите (со ЕУ) сигурно ќе трааа уште неколку години".

Тој во интервју за "Политика" рекол дека "ЕУ е единствен партнер на Западен Балкан која води сметка за регионалната стабилност и за подобра иднина на луѓето во овој регион"

- Добар знак е што наскоро ќе се одржи следен самит во јуни, и се согласувам со канцеларката Ангела Меркел дека средбите ја намалуваат тензијата – рекол крихбаум.

На потсетување дека во Белград пред неколку дена рекол на "ЕУ не и потребен втор Кипар", мислејќи на нерешавање на косовскиот проблем" и на прашање "Кое решение би го задоволило Берлин", Крихбаум одговорил дека - "целта е јасно утврден во Преговарачката рамка: односите помегу Србија и Косово треба потполно да бидат нормализирани пред пристапување во ЕУ".

- Единствено само така двете земји можат да ги остварат своите европски перспективи, гледано историски. ЕУ е перед се проект на мирот. Поради тоа не сакаме да увезуваме билатерални конфликти – порачал тој.

Прашан дали "нормализација значи признавање независност и дали поделбата на Косово е прифатлива за Берлин, Крихбаум рекол дека "нормализација значи нормализација, ни повеќе ни помалку".

- Тоа е задача на двете држави, а ЕУ и Германија ќе ги подржи во тоа, кога и да се побара таа подршка".

Поврзани

Најнови вести

Коментари